Top Sport

Дисциплина на српски начин! Тренер го претепал фудбалерот поради лоша игра

Претседателот и тренер на српскиот второлигаш, Динамо Врање, Драган Антиќ го претепал својот фудбалер Лука Ратковиќ на полувремето од мечот против Спартак од Суботица, објавуваат српските медиуми.

Синдикатот на професионалните фудбалери „Независност“ објави дека Антиќ на полувремето од натпреварот, Ратковиќ му удрил неколку шамари, го кубел за коса и го навредувал, по што ја искршил и соблекувалната. Антиќ завршил во болница.

Ова не е првпат Антиќ да прави проблеми – на крајот на минатата година тој беше суспендиран 15 месеци поради изјави против челниците на Фудбалската федерација на Србија, а претходно двапати беше суспендиран поради навреди и закани кон судиите.

Scroll to Top