Џејмс Медисон, Хамза Чудхури и Ајозе Перез беа исклучени од Брендан Роџерс од тимот на Лестер за клучниот меч со Вест хем поради прекршување на протоколите за КОВИД-19 со наводна забава во саботата.
„Навистина е разочарувачки да се чуе за прекршување на правилата кое може да направи проблеми за заштитата на нашите фудбалери. Преземени се одредени мерки за да не се повтори тоа“, изјави портпаролот на Лестер.
Лестер загубија со 3:2 од Вест хем и иако остануваат на третото место на табелата во Премиер лигата, разликата до Вест хем сега е еден поен. „Лисиците“ исто така ги очекува полуфинале од ФА купот, каде што се пласираа првпат од 1982 година.