Top Sport

Валенсија се врати од 0:2 за реми со Сосиедад

Валенсија и Реал Сосиедад одиграа интересно 2:2 реми во 30. коло во шпанската Ла лига, во која домаќините успеаја да се вратат од рано утнат пенал и од 0:2.

Карлос Солер утна пенал за домаќините во 29. минута, за до крајот на полувремето Сосиедад да стигне до 0:2 водство – Андер Гевара (33.) и Александер Исак (45.) најавија победа на гостите. Валенсија врати еден гол од пенал во 60. минута преку Даниел Вас, за Габриел Педроса во 73. минута да обезбеди поен за „лилјаците“.

Валенсија е на 13. место на табелата со 34 поени, а Реал Сосиедад се петти со 47 поени.

Претходно, Осасуна го шокираше Вилјареал на гости со 2:1 победа.

Scroll to Top