Top Sport

Диуф: Ливерпул беше грешка, требаше да потпишам за Манчестер јунајтед

Контроверзниот Сенегалец, Ел Хаџи Диуф повторно дека е разочаран што во својата кариера играл за Ливерпул додавајќи дека би му било многу подобро да играл за Манчестер јунајтед.

Поранешниот сенегалски репрезентативец беше баран човек пред СП во 2002 година, кога Жерар Улие направи сѐ за да го донесе на „Енфилд“ за тогаш огромни 10 милиони фунти. По ова, тој имаше одлично СП, но за „црвените“ постигна само шест гола во првата сезона и ниту еден во втората.

По ова тој играше во тимови како Болтон и Блекбурн, но вели дека ја пропуштил големата шанса.

„За што жалам најмногу? За Ливерпул. Да имам нова шанса би отишол во Манчестер јунајтед или Барселона, бидејќи и тие ме бараа“, вели Диуф, кој двапати беше прогласуван за фудбалер на годината во Африка и уште е многу ценет во својата земја.

Тој исто така имаше совет за според него, најголемата ѕвезда на денешницата, тинејџерот Килијан Мбапе.

„Би сакал да му дадам само еден совет на Мбапе, да биде повеќе како Кристијано Роналдо, а помалку како Нејмар“, додаде Диуф.

Scroll to Top