Top Sport

Диуф: Салах нема да добие договор каков што заслужува бидејќи е Африканец

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Ел Хаџи Диуф го преупреди Мохмед Салах дека нема да добие договор каков што навистина заслужува само бидејќи е фудбалер кој доаѓа од Африка.

Околу иднината на Салах во последно време има многу шпекулации, бидејќи неговиот договор со „црвените“ трае до 2023 година, а наводно бара да стане најплатениот фудбалер во Премиерлигата, со можен трансфер во Реал Мадрид како опција.

Диуф вели дека се надева дека Салах ќе добие нов договор на „Енфилд“ бидејќи во Реал ќе мора да почнува од почеток.

„Очигледно е дека Ливерпул мораат да ги прифатат условите на Салах. Да бев на негово место ќе останев во Ливерпул, бидејќи така може да заработи повеќе пари и таму е најдобар фудбалер покрај Садио Мане. Има 29 години и би можел уште четири години во Ливерпул. Трансфер во Реал Мадрид значи дека мора да очнува од почеток. Салах мора да сфати дека е Африканец, така што не го третираат како европските фудбалери и нема да му дадат најдобар договор“, вели Диуф.

Scroll to Top