Top Sport

Линдвик победи на Планица, кристалниот глобус за Кобајаши

Светскиот шампион во скијачки летови, Норвежанецот Мариус Линдвик победи на последното натпреварување од Светскиот куп, скоковите на легендарната словенечка скокалница Планица, додека кристалниот глобус отиде кај Јапонецот Рјоју Кобајаши.

Кобајаши го освои само осмото место со скокови од 235.5 и 230 метри, но тоа му беше доволно за да заврши со 106 поени пред Германецот Карл Гајгер, кој беше само 16. Ова е втора титула од Светскиот куп за Кобајаши, кој оваа зима исто така по вторпат триумфираше и на Новогодишната турнеја „4 скокалници“.

Линдвик до својата осма победа во СК стигна со скокови од 241.5 и 245 метри, победувајќи го Јуки Сато (236.5 и 242.5 метри) и домашниот фаворит, Петер Превц (235.5 и 240 метри). Сонародникот на Превц, Жига Јелар е шампион во СК во скијачки летови со 10 поени предност пред уште еден Словенец, Тими Зајц.

Scroll to Top