Top Sport

Џабе 341 милиони евра! Јуве повторно остана без европскиот сон

Пристигнувањето на Кристијано Роналдо во Торино требаше да го донесе толку очекуваниот трофеј од Лигата на шампиони за Јувентус по толку загубени финалиња. Сега, скапите планови (341 милиони евра потрошени на плати и трансфери), се распаднаа откако Ајакс уште еднаш покажа дека фудбалот е тимска, а не индивидуална игра.

Секако, Португалецот го одбработе своето и не може да му се замери – тој ги „спасуваше“ Јувентус со хет-трик против Атлетико Мадрид, тој ги даде двата гола кои Јуве ги постигна против Ајакс, меѓутоа, ниту тоа не беше доволно – Португалецот првпат од 2010 година нема да игра барем полуфинале на ЛШ.

За Јувентус, фановите и сопствениците, семејството Ањели, останува агонијата на чекање на титула од Лигата на шампионите, која веќе трае 23 години и ќе потрае барем уште една сезона. Јуве сигурно ќе го освои своето осмо Скудето во низа во следните недели, но големиот трофеј ќе изостане.

Останува прашање дали Масимилијано Алегри ќе биде на кормилото на Јуве следната сезона, по сите шпекулации кои ги имаше, но јасно е дека градењето на европски доминантен тим за тимот од Торино ќе продолжи.

Scroll to Top