Top Sport

Џабе два автобуси, ПСЖ го „сомле“ Нант и Раниери (видео)

Единсон Кавани уште еднаш докажа дека е во фуриозна форма, постигнувајќи два гола за да помогне Пари Сен-Жермен да го „прегази“ Нант со 4:1 и да дојде до цифрата од 19 гола оваа сезона.

Кавани погоди двапати на „Паркот на принцовите“, Анхел ди Марија и Хавиер Пасторе додадоа уште по еден гол за тимот на Унаи Емери за ПСЖ да продолжи со победничката низа и да се зацврсти на првото место на Лига 1 со 35 поени од 13 натпревари.

ПСЖ започнаа моќно уште на стартот, со Нејмар, Кавани и Дани Алвеш со одлични шанси, а „најавите“ на тренерот на Нант, Клаудио Раниери дека му се потребни два автобуси и 22 играчи да ги сопре ПСЖ се остварија во 38. минута, кога Кавани го постигна одличниот прв гол.

Само четири минути подоцна беше 2:0, кога Ди Марија со одличен удар од далеку го совлада голманот на Нант, пред „канаринците“ да вратат еден гол во 60. минути преку Прежус Накулма. Шансите за сензација беа уништени кога Пасторе врати предност од два гола, пред Кавани во 79. минута да го зголеми водството на ПСЖ на шест поени на врвот на Лига 1, откако тие вчера одиграа 1:1 со Амиен.

Раниери: Против ПСЖ со два паркирани автобуси!

Scroll to Top