Top Sport

Првата победа од СК во ски скокови за Норвежаните

Норвешка стигна до тимска победа на големата скокалница во Висла, Полска, за да ја отворат новата сезона од Светскиот куп во ски скокови.

Квартетот Јохан Андре Форфанг, Андерс Фанемел, Даниел Андре Танде и Роберт Јохансон импресионираа на полската скокалница со 1.023,8 поени за победа пред домаќините Полска, кои го поделија второто место со минатогодишните шампиони од Купот на нациите, Австрија.

Норвешка исто така победи на последните две тимски натпреварувања минатата сезона, но завршија како четврти во генерален пласман. Форфанг имаше одличен скок од 129.5 метри, додека Танде скокна 129 метри.

Камил Стох, Пјотр Зила, Давид Кубацки и Мациеј Кот собраа 1006.5 поени, исто како и Австријците со шампионот од СК, Штефан Крафт, кој го имаше вториот најдобар скок на натпреварувањето (130 метри). Германците Рихард Фрајтаг и Јапонецот Нориаки Касаи скокнаа 130.5 метри, но Германија беше четврта, а Јапонија петта.

Утре на програмата е првото индивидуално натпреварување.

Scroll to Top