И покрај тоа што Наполи дојде во водство по само 11 секунди игра преку голот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, неговиот тим доживеа шокантен 2:3 пораз од Спартак Москва во второто коло на Лига Европа откако поголемиот дел од мечот го играше со човек помалку.
Раното водство беше уништено во 29. минута, кога Марио Руи доби директен црвен картон, за Квинси Промес да израмни на 1:1 во 55. минута од мечот. Михаил Игњатов во 81. минута го комплетираше пресвртот, пред Промес во 90. минута да го „матира“ противникот. Виктор Осимен даде надеж за драматичен финиш во 92. минута, но немаше време за целосен камбек.
Наполи сега се на дното на групата Д со еден поен, колку што има и Лестер, кои изненадувачки загубија кај Легија Варшава.
ЛИГА ЕВРОПА, 2.КОЛО
ГРУПА А
Лион – Брондби 3:0
Спарта Прага – Ренџерс 1:0
ГРУПА Б
Реал Сосиедад – Монако 1:1
Штурм Грац – ПСВ Ајндховен 1:4
ГРУПА Ц
Легија Варшава – Лестер 1:0
Наполи – Спартак Москва 2:3
ГРУПА Д
Антверпен – Ајнтрахт Франкфурт 0:1
Фенербахче – Олимпијакос 0:3
Eljif Elmas Napoli’yi maç başladıktan sadece 11 saniye sonra böyle öne geçirdi. pic.twitter.com/dJ53vKx98H
— Ali Can Kutlu (@alicankutlu_) September 30, 2021
Rapidito que tengo prisa! ?
GOL del Napoli en el minuto 1, gol de Elif Elmas (22) ?? #UEL
pic.twitter.com/SiMuXVFjEL— Youth Football (@YouthFootball90) September 30, 2021