Top Sport

Џабе напаѓачкиот фудбал на Мота – Џенова пак загуби (видео)

Тијаго Мота ќе почека за нова како тренер на Џенова, откако во денешниот меч од 13. коло, Грифоне дома загуби со 0:1 од силниот тим на Торино.

Со Горан Пандев во тимот од стартот на мечот, заедно со повратникот Стефано Стураро, Џенова не успеа да постигне гол против „биковите“, кои стигнаа до трите поени благодарение на Бразилецот Бремер, кој во 77. минута беше највисок во скокот по еден корнер.

Џенова останува во зоната на испаѓање на 18. место со само 10 освоени поени откако нема победа во последните пет меча. Торино се на деветтото место на табелата со 17 поени.

Scroll to Top