Top Sport

Бејли и Леверкузен најде „лек“ за Баварците сред Минхен (видео)

Леон Бејли постигна два гола за Баер Леверкузен да стигне до импресивна 2:1 победа на гостувањето на „Алијанц арената“ кај Баерн, за зголемување на маките на преодниот тренер Ханс Дитер Флик.

Талентираниот Јамајчанец Бејли прво во 10. минута по одличната топка која ја доби од Кевин Воланд успеа да го совлада Мануел Нојер од далеку, но Баварците бргу се созедоа и израмнија преку Томас Милер во 34. минута од мечот.

Бејли повторно се најде во одлична шанса веќе во следниот напад, поминувајќи ја одбраната и Нојер за уште еден убав гол. Леверкузен успеаја да го оддржат водството и покрај тоа што Бејли излезе од игра во 63. минута со повреда, но и по црвениот картон кој го доби Џонатан Тах во 80. минута.

Баерн останува на четвртото место на табелата, сега со 25 поени, три помалку од лидерот РБ Лајпциг, додека Леверкузен се седми со 22 поени.

Scroll to Top