Top Sport

„Џабе ви е сѐ кога имате играч што не знае да ја подаде топката“

Легендарните фудбалери на Арсенал, Мартин Кион и Пол Мерсон жестоко го критикуваат Сеад Колашинац поради грешката која ја направи на дербито со Тотенхем. Лошото додавање на Колашинац го искористи Сон и по 137 секунди од водството на Арсенал го израмни резултатот.

„Колашинац го имаше Тирни на левата страна, но тој реши да ја врати топката до Давид Луиз. Кога веќе реши да го направи тоа требаше да го гаѓа во левата нога, а не во десната каде што имаше можност да погреши. Тој го направи токму тоа“, рекол Кион.

„Артета не е виновен за поразот од Тотенхем. Да ги имате вештините на Фергусон, Мурињо, Гвардиола и Венгер во еден тренер, кога на теренот имате фудбалер кој не може да упати точен пас до соиграчот на пет метри, тогаш морате да бидете во неволја“, рекол Мерсон.

Фудбалерите на Арсенл, вечерва од 21.15 часот, во дербито на колот ќе го пречекаат Ливерпул.

 

Scroll to Top