Top Sport

Симеоне: Не ме чуди што Челси го сакаат Облак, кај нас играат најдобрите

Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне нее изненаден од интересот на другите клубови за голманот Јан Облак (27). Словенецот четири години е најдобриот голман во Ла Лига, а оваа сезона досега примил 26 гола на 36 натпревари.

Медиумите вчера објавија дека Челси ќе се обиде да го донесе Облак на „Стенфорд Бриџ“. Според шпекулациите Челси за Облак го нуди најскапиот светски голман Кепа Аризабалага и 30 милиони евра.

„Не сум изненаден, секоја година нашите најдобри фудбалери се на мета на најдобрите клубови во светот. Нормално е да ги барате најдобрите, а ние имаме многу такви играчи. Некои заминаа, некои останаа. Логично е и нормално е да постои интерес за Облак, тој е напиот капитен и важен играч во тимот“, рекол Симеоне и дополнил.

„Тој е играч кој прави разлика на теренот, важен за нас е и на теренот и во соблекувалната, напредуваше на сите полиња, како голман и внатре во групата“.

Облак кариерата ја започна во Олимпија од Љубљана, четири години мина во Бенфика, а во Атлетико е од 2014 година. За неговиот трансфер „јорганџиите“ издвоија 16 милиони евра.

Облак има договор со Атлетико до 30 јуни 2023 година и откупна клаузула од 120 милиони евра.

Scroll to Top