Враќањето на Руд ван Нистелрој на стадионот на Арсенал не помина најдобро, откако неговите ПСВ Ајндховен загубија со 1:0 на гостувањето кај старите познаници Арсенал во одложениот меч од Лига Европа.
Мечот требаше да се оддржи во септември, но беше откажан поради недостаток на полицајци во Лондон поради погребот на кралицата Елизабета Втора. Ван Нистелрој, кој многу пати гостуваше на „топчиите“ како напаѓач на Манчестер јунајтед, не доби најдобар пречек од публиката, и неговиот тим постојано беше во дефанзива пред во 74. минута, Гранит Џака да го скрши нивниот отпор.
Ова е четврта победа во четири меча на „топчиите“ во Лига Европа, додека ПСВ се втори со два порази едноподруго од „топчиите“.