Top Sport

Џака се сеќава на првиот дуел со Нејмар: Тој само паѓаше!

Гранит Џака вели дека уште се сеќава на првата пресметка со Нејмар пред вечерва двете репрезентации да се судрат во нивниот прв меч на Мундијалот.

Играчот од средниот ред на Арсенал и на швајцарската репрезентација имаше дуел со најскапиот фудбалер на светот на Светското првенство до 17 години во 2009, кога Швајцарија во последниот меч по групи го совлада Бразил со 1:0 и го елиминираше.

„Не му требаше многу да падне, дури и најмалиот контакт беше доволен. Тоа ми остана во сеќавањата“, вели Џака.

Џака и Швајцарија (со Рикардо Родригез, Пајтим Касами, Харис Сеферовиќ во тимот) ќе ги победат Германија, Италија, Колумбија и Нигерија за титулата на тој шампионат. Во тогашниот бразилски младински тим покрај Нејмар беа и голманот на Рома, Алисон, Касемиро од Реал Мадрид и Филипе Кутињо од Барселона. За Швајцарија пак, тоа беше патоказ до Светското првенство оваа година.

„Тогаш научив дека во фудбалот сѐ е можно. Секое дете сака да го победи Бразил. Се сеќавам дека играа Нејмар, Кутињо и Касемиро, кој посебно ме воодушеви. Нејмар сега е играч од светска класа и му посакувам сѐ најдобро. Сакам во Ростов да ги смениме дресовите, бидејќи не го направивме тоа во 2009“, додава Џака.

Scroll to Top