Top Sport

Џака суспендиран за дивјачкото однесување

Капитенот на фудбалерите на Базел, Таулант Џака доби суспензија од осум натпревари по дивеењето на натпреварот помеѓу Базел и Цирих. Во 32. коло на швајцарското првенство, Цирих го победи Базел на гостински терен со 2:0.

На крајот од мечот исклучени беа тројца играчи на Базел, а најмногу проблеми направи братот на Гранит Џака, инаку играч на Арсенал.

Кулминацијата на неговото дивеење беше ударот со глава по градите на Никола Катиќ, во стилот на Зинедин Зидан од финалето на СП во 2006 година.

Џака се извини за она што го направи, но тоа не влијаеше на строгата казна. Таулант Џака речиси цела кариера настапува за Базел, од 2010 година, со тоа што имаше краток престој во Грасхоперс.

Scroll to Top