Top Sport

Џака веќе се договорил со Херта, тврди неговиот агент

Гранит Џака веќе се договорил со Херта Берлин за трансфер од Арсенал во јануари, тврди неговиот агент, Жоел Ногуера.

Џака е во „немилост“ на навивачите на Арсенал откако ја загуби капитенската лента на почетокот на ноември по бурната реакција и пцуењето на навивачите при замената. Сепак, новиот тренер Микел Артета му даде 90 минути против Бурнемаут во првиот меч на „Боксинг деј“, кој заврши 1:1.

Ногуера за швајцарскиот „Блик“ тврди дека договорот е веќе склучен и сега треба да се услогласат двата клуба.

„Ќе го кажам тоа искрено, имаме договор со Херта и би сакале да одиме во Берлин. Му го кажав тоа на Раул Санлехи и на Еду, како и на новиот тренер Микел Артета. Арсенал се информирани и сега треба да се услогласат само парите кои треба да се разменат меѓу тимовите“, вели Ногуера.

Херта, каде што нов тренер е легендарниот Јирген Клинсман, ќе дадат околу 21 милиони фунти за швајцарскиот репрезентативец, иако Артета најави дека нема намера да го продава фудбалерот од средниот ред.

Scroll to Top