Top Sport

Јунајтед доминираа против Њукасл (видео)

Манчестер јунајтед дојде до доминантна 4:1 победа над Њукасл, откако прво ги натераа сопствените навивачи повторно да се „тресат“ за меч од Премиер лигата.

Како и повеќе пати оваа сезона во дуелите со тимовите од средината и дното на табелата, Јунајтед почнаа да губат во 17. минута, кога Мети Лонгстаф, кој во првиот меч меѓу двата тима на „Сент Џејмс парк“ го постигна првиот гол во кариерата, повторно го матираше Давид де Хеа.

Меѓутоа, овојпат тоа не беше доволно, откако напаѓачите на Јунајтед постигнаа три гола до крајот на полувремето за целосен пресврт. Прво Антони Марсијал во 24. минута, потоа Маркус Гринвуд во 36. минута и на крај Маркус Рашфорд во 41. минута, ги обезбедија трите поени за „ѓаволите“.

Марсијал во 51. минута го постигна и својот втор гол за конечни 4:1 во меч во кој домаќините имаа речиси 70 отсто посед на топката, за со три поени да се искачат на седмото место со 28 поени, еден помалку од петтопласираниот Тотенхем и шестопласираниот Шефилд јунајтед. Њукасл се 10-ти со 25 поени.

Scroll to Top