Марко Џампаоло е блиску до тоа да стане седмиот италијански тренер кој работел во Турција, откако „Тутоспорт“ тврди дека поранешниот тренер на Милан е блиску до клупата на Фенербахче.
Џампаоло доби отказ од Милан минатиот октомври по лошиот старт на сезоната и беше заменет со Стефано Пиоли, а бидејќи во Италија има правило еден тренер да може да работи само со еден тим во една сезона, не можеше да најде друга работа во татковината.
52-годишниот Џампаоло сега е поврзуван со Фенербахче, клуб во сопственост на најбогатото семејство во Турција со 28 лигашки титули, но со црна низа од шест години без трофеј.
Милан не би имале ништо против овој договор, бидејќи со него би заштедиле 4 милиони евра. Во Италија тренерите остануваат под договор со клубовите иако добиваат отказ и бидејќи Џампаоло имаше двегодишен договор, „росонерите“ и следната година ќе треба да му исплатат 4 милиони евра доколку не најде нова работа.