Top Sport

Коман се правда што не возеше „Ауди“: Ми беше скршен ретровизорот

Ѕвездата на Баерн Минхен, Кингсли Коман си направи проблеми со изборот на автомобили, откако го возеше својот Мекларен вреден 200.000 евра, наместо „Ауди“, спонзорот на неговиот клуб.

Шампионите од Бундеслигата се долгогодишни партнери со „Ауди“ и германскиот производител на автомобили од 2002 им дава нови автомобили на фудбалерите како дел од договорот откако станаа акционери во клубот. Според договорите на фудбалерите, тие се обврзани да возат „Ауди“ до тренинг-центарот на Забенер Штрасе, но 23-годишниот Коман реши да се повози со својот луксузен „Мекларен 570С  спајдер“ и Французинот го очекува казна од 50.000 евра.

Единствен „попуст“ кој го имаат фудбалерите се возила произведени од „Фолскваген“ групацијата, што значи дека можат да возат и Бентли и Порше.

Коман, кој уште не е казнет, се извини и имаше неочекуван изговор – скршен ретровизор.

„Би сакал да се извинам на клубот и на ’Ауди’ што не пристигнав на тренингот со автомобилот на компанијата. Причината беше скршен ретровизор на моето ’Ауди’, но грешката беше моја. Ќе ја посетам фабриката во Инголштад за делење автограми што е можно побргу“, изјави Коман за „Билд“.

Scroll to Top