Top Sport

Џампаоло од следната година на клупата на Торино?

Поранешниот тренер на Милан, Марко Џампаоло е прв фаворит да седне на клупата на Торино следната сезона, откако станува јасно дека Морено Лонго нема да добие продолжување на договорот, тврди италијанскиот „Тутоспорт“.

Според нивните извори, тој веќе се согласил на овој трансфер, но поради правилата во Серија А дека еден тренер не може да биде тренер на повеќе од еден клуб од лигата во една сезона, потврдата ќе почека до крајот на сезоната.

Џампаоло доби отказ од Милан на 8 октомври, по само седум меча во Серија А и беше заменет со Стефано Пиоли. Торини пак, претходно го отпуштија Валтер Мацари по катастрофалниот 0:7 пораз од Аталанта, но ниту Лонго не ги задоволил газдите на Граната.

Scroll to Top