Top Sport

Ролан Гарос, сепак, најверојатно без публика

Тенискиот Франција опен најверојатно ќе се оддржи без присуство на публиката, тврди претседателот на Француската тениска федерација (ФФТ), Бернар Жудикели и покрај контроверзното есенско одлагање.

Гренд слемот на земја требаше да почне на 24 мај, но беше одложен за по САД опен, односно од 20 септември до 4 октомври. Жудикели тврди дека поради финансиски причини, турнирот би се оддржал без присуство на гледачи.

„Со организација на турнирот без навивачи може да се дозволи дел од економијата да се придвижи, како ТВ-правата и партнерствата“, вели Жудикели во интервју за весникот „Ле журнал ду диманш“.

Вимблдон беше откажан првпат од Втората светска војна оваа година, додека се очекува судбината на САД опен, кој традиционално почнува во август, да се одлучи во јуни.

Scroll to Top