Top Sport

Џампаоло побара време за да изгради силен Торино

Новиот тренер на Торино, Марко Џампаоло вели дека сака да направи нешто „важно“ со Торино и се надева дека ќе го добие потребното време за да го крене потенцијалот на големиот тим.

Вакво време, Џампаоло не доби во Милан, кои го отпуштија по помалку од половина сезона во 2019 година, и сега откако го замени Морено Лонго на чело на „Граната“ вели дека е среќен што пристигнува во клуб со традиција и страст.

„Доаѓам во клуб со голема историја, како што многумина ќе кажат за Торо. Сите кои биле во тимот ја почувствувале неверојатната енергија и страст. Сите ми велат дека Торо се поинаков тим и дека мораш да бидеш со нив за да го почувствуваш тоа. Времето е мојот прв сојузник, но и првиот непријател – понекогаш го добивам, а понекогаш не. Надежта е да градиме силен тим со јасна игра и тактика. Мислам дека ќе успееме“, вели Џампаоло.

Scroll to Top