Top Sport

Џампаоло признава дека тактиката му се „распаднала“: Тоа се фудбалерите кои ги имаме

Конкурентното деби на Марко Џампаоло на клупата на Милан не помина најдобро по 1:0 поразот на гости кај Удинезе и тренерот признава дека е потребна целосна тактичка промена на тимот и дека е потребно секој играч да игра на својата природна позиција.

Поразот на „Дачија арената“ болеше уште повеќе бидејќи Милан беше апсолутно безопасен за домаќините и неговите фудбалери не упатија ниту еден удар на голот.

„Покрај резултатот, бидејќи никогаш не е убаво да се губи, мечот немаше многу позитивни моменти. Ќе се обидеме да направиме подлабока анализа на тактиката и на различните позиции на тимот. Поседот е безвреден кога немате напаѓачки фудбал, но исто така треба да се посочи и дека Удинезе добро се бранеа. Ќе видиме дали може да се развива нешто кај моите напаѓачи или тоа не е во нивната природа“, вели Џампаоло.

Тој се обиде да ги постави фудбалерите во својата омилена 4-3-1-2 позиција, но вели дека тимот не е подготвен за тоа.

„Мојата визија за Милан е многу поинаква. Не се работи само за Сусо и Кастилехо, туку и за Пјатек. Тоа не е нивна вина, тие се обидоа, но тоа се фудбалерите кои ги имам и не можам да ги сменам нивнтие карактеристики. До денеска тоа не ми беше целосно јасно. Ќе видиме како ќе го смениме тоа. Дури и да победевме, ситуацијата ќе беше иста. Стерилни сме, немаме движење во нападот и овој тим не е прикладен за таков фудбал“, објаснува тренерот.

Удинезе го шокираше Милан, Несторовски влезе како замена (видео)

Scroll to Top