Top Sport

Мекгрегор и Мејведер ќе се соочат, но само на ТВ-шоу

Конор Мекгрегор и Флојд Мејведер Јуниор ќе го продолжат своето ривалство во Јапонија, но не во рингот, ниту во октагонот, туку во обновена верзија на ТВ-шоуто „Суперѕвезди“.

31-годишната УФЦ ѕвезда Мекгрегор претходно загуби во мега-боксерски меч од 42-годишниот Американец во 2017 година, а сите обиди за некаков ри-меч, со боксерски или со УФЦ правила пропаднаа. Сега, Мекгрегор, кој нема УФЦ настап по поразот од Хабиб Нурмагомедов минатиот октомври се согласил да се појави на новогодишното шоу во Јапонија за надомест од 15 милиони долари.

„Суперѕвезди“ беше популарно ТВ-шоу во Британија во 1970-тите на кое различни спортисти се натпреваруваа во различни тестови. Според извештаите, Мекгрегор и Мејведер ќе се борат со двајца јапонски кик-боксери на шоуто, од кои еден е Теншин Насукава, фајтерот кој се посрамоти против Мејведер во егзибициски меч во Јапонија, откако доби три нокаути во првата рунда. Организатор на шоуто е јапонската ММА организација „Ризин“.

Scroll to Top