Top Sport

Џамполо ќе го предводи Милан

Марко Џампаоло стратегот на Самдорија ќе биде новиот тренер на Милан. Италијанските медиуми пренесуваат дека тој го прекинал својот одмор во Хрватска и се вратил во Италија каде деновиве треба да го стави својот потпис на договорот со Милан.

Џампаоло е во Сампдорија од 2016 година, тој оваа сезона со тимот заврши на деветтото место во Серија А.

Претходно овој тренер работел во Емполи, Кремонезе, Бреша, Чезена, Катанија, Сиена, Калјари и Асколи.

Милан останаа без тренер откако Џенаро Гатузо си поднесе оставка по завршувањето на сезоната во која не успеа со Милан да избори пласман во Лигата на шампионите.

Наводно Џампаоло во Милан ќе има годишна плата од два милиони евра.

Scroll to Top