Top Sport

Надал го освои Ролан Гарос, Ѓоковиќ ја зголеми предноста на АТП листата

Рафаел Надал ја освои титулата на Ролан Гарос, но и покрај тоа Новак Ѓоковиќ ја зголеми предноста во однос на Шпанецот на АТП листата. Од утре предноста на Ѓоковиќ ќе биде поголема за уште 360 бода во однос на последното рангирање. Ѓоковиќ ќе има 4.770 бода повеќе од Надал и 6.045 бода повеќе од Роџер Федерер.

Ѓоковиќ на првото место ќе има 12.715 бода, а Надал бидејќи ја одбрани титулата во Париз ќе остане на 7.945 бода. Српскиот тенисер годинава стигна до полу-финалето на Ролан Гарос, но тој освои 360 бода, бидејќи лани испадна во четврт-финалето.

Инаку, Ѓоковиќ почнувајќи од Вимблдон ќе брани голем број на поени, бидејќи од јули до ноември минатата година ги освои Вимблдон и Ју-Ес опен, односно мастерс турнирите во Синсинати и Шангај, а играше финале на мастерсот во Париз и завршниот мастерс во Лондон.

АТП листа, Топ 10:

1. Новак Ѓоковиќ (Србија) 12.715
2. Рафаел Надал (Шпанија) 7.945
3. Роџер Федерер (Швајцарија) 6.670
4. Доминик Тим (Австрија) 4.685
5. Александар Зверев (Германија) 4.360
6. Стефанос Циципас (Грција) 4.215
7. Кеи Нишикори (Јапонија) 4.040
8. Кевин Андерсон (Јужна Африка) 3.565
9. Карен Хачанов (Русија) 2.980
10. Фабио Фоњини (Италија) 2.785

foto/epa

Scroll to Top