Емре Џан вели дека неговиот соиграч од Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо мора да „порасне“ откако беше казнет за прекршување на мерките за изолација за да се потстрижи.
Санчо и неговиот соиграч Мануел Аканџи добија финансиска казна од Германската фудбалска лига (ДФЛ) бидејќи не носеа маски при посетата на стилист минатата недела. 20-годишниот Санчо одговори дека казната е „вистинска шега“, но Џан, кој ги предводеше Дортмунд до 1:0 победа над Херта Берлин во саботата, вели дека тој едноставно мора да биде поумен.
„На Џејдон му е потребно некој да го води. Тој е фантастично момче, на и надвор од теренот и добро се согласуваме. Но, мора да биде поумен во такви ситуации. На сите ни е потребен бербер. Мора да порасне и да не си дозволува вакви грешки. Мора да биде подисциплиниран, но и самиот го знае тоа. Не верувам дека намерно го направи тоа за да има скандал. Потребно му е некој да го води“, вели Џан.
Некаде правилата се почитуваат: Санчо и Аканџи казнети за потстрижување!