Top Sport

Јунајтед им го „краде“ Ван де Бек на Реал?

Манчестер јунајтед се обидуваат да им го расипат трансферот на Реал Мадрид на Дони ван де Бек со подобра понуда, тврди британскиот „Дејли мејл“.

„Ѓаволите“ го обновиле интересот за 23-годишниот Холанѓанец, откако во Реал уште не се одлучени дали можат да си го приуштат Ван де Бек поради кризата предизвикана од паузата поради корона вирусот.

Од друга страна, извршниот потпретседател на Јунајтед, Ед Вудворд му потврдил на Оле Гунар Солскјер дека ова лето тимот ќе троши пари на засилувања и покрај економската несигурност.

Ван де Бек беше поврзуван со трансфер по фантастичната сезоната 2018/19 во Лигата на шампионите, кога Ајакс стигна до полуфиналето, а потоа ги продаде Френки де Јонг на Барселона и Матијс де Лихт на Јувентус.

Холандскиот репрезентативец има 40 гола за Ајакс и е идеален за визијата на Солскјер за фудбалер од средниот ред кој претставува опасност во нападот. Сумата за трансфер сигурно ќе биде над 60 милиони евра.

Scroll to Top