Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Џејдон Санчо ги вознемири сопствените фанови откако ги избриша сите постови од Инстаграм и постави црна позадина на местото на сликата на неговиот профил.
22-годишниот фудбалер се наоѓа под притисок по лошата форма, поради што не беше повикан во репрезентацијата на Герет Саутгејт за Катар. Тој нема заиграно од Англија од поразот на пенали од Италија во финалето на Еуро 2020, кога тој, Букајо Сака и Маркус Рашфорд промашија пенали, па добија расистички навреди од дел од англиските навивачи. Тој ја почна сезоната 2022/23 добро со голови при 2:1 победите над Ливерпул и 1:0 над Лестер, но оттогаш имаше само една асистенција во сите натпреварувања.
„Семејството е коренот на се што правм и коренот на се што создавам“, беше последниот пост на Санчо, а дел од навивачите на Манчестер јунајтед посочија дека тој е во тешка ментална состојба поради смрт на член на семејството.
Jadon Sancho, we are all with you❤️ pic.twitter.com/PkjogaxcoG
— Ben (@AntonySzn_) November 19, 2022