Top Sport

Бензема не можеше да го комплетира тренингот на Французите, неизвесен настапот на СП

Карим Бензема морал да го напушти тренингот со француската репрезентација поради повредата која го мачи последните неколку недели и речиси е сигурно дека нема да биде дел од составот на првиот меч на Мундијалот против Австралија во вторник, тврди француското радио „РМЦ“.

Ова е првпат освојувачот на „Златната топка“ да се обиде да тренира со остатокот од репрезентацијата, но повторно се врати мускулната повреда која го мачи и тој морал да замине предвреме.

Навивачите на Реал Мадрид и дел од шпанските медиуми го напаѓаа Бензема откако тој пропушти дел од мечевите на клубот, сметајќи дека се „чува“ за настапите со репрезентацијата, но ова очигледно кажува дека постои сериозна повреда. Француските медиуми тврдат дека се работи за посериозен проблем и дека е сосема возможно Бензема да го пропушти целиот Мундијал.

За Франција ова би било голем удар, откако претходно поради повреда во Катар не допатуваа освојувачите на златото од пред четири години, Н’Голо Канте и Пол Погба.

Scroll to Top