Top Sport

Џејмс го продолжи договорот со Челси

Фудбалерот на Челзи, Рис Џејмс, потпиша нов договор со клубот до 2027 година. Со ова паднаа во вода шпекулациите дека Англичанецот наредното лето ќе се пресели во Реал Мадрид.

Со новиот договор, десниот бек, стана најплатениот дефанзивец во историјата на Челси. Неделоно, Џејмс, ќе заработува 250.000 фунти.

Рис Џејмс е во клубот од својата шеста година. Беше на позајмица во Виган, а после тоа, се врати на „Стемфорд Бриџ“ и дебитираше во 2019 година за првиот тим.

Тој ја освои Лигата на шампионите со Челзи во 2021 година.

Scroll to Top