Ветеранот на Ливерпул, Џејмс Милнер открива дека зборува со своите мали деца само на шпански, додека неговата сопруга зборува на англиски.
Милнер научи шпански додека беше фудбалер на Манчестер сити, кои имаа повеќе фудбалери кои зборуваа шпански на почетокот на 2010-тите и верува дека е многу важно неговите деца да научат странски јазик.
„Кога бев во Сити, зборував со Давид Силва и Пабло Забалета на шпански и потоа продолжив. Бев импресиониран од тоа како луѓето го менуваат јазикот и бидејќи моите деца само што беа родени, решив да им зборувам на шпански и разбираат речиси се што кажувам. Мојата сопруга може да ви каже дека сум тврдоглав и кога ќе намислам нешто го правам тоа“, вели 36-годишниот Милнер.