Репрезентативецот на велс Даниел Џејмс останал неколку минути без свет по судирот со Домагој Вида во текот на натпреварот помеѓу Велси и Хрватска во Кардиф. Натпреварот заврши 1-1 поради што Хравтите се уште не го обезбедија учеството на ЕУРО 2020.
Во 15 минута Вида и Џејмс тргнаа на една топка, а „подебелиот крај“ го извлече Велшанецот.
За среќа на крајот Џејмс го продолжи натпреварот, иако неколку минути останал без свет.
Младиот Велшанец во летниот преоден рок од Свонси се пресели во Манчестер Јунајтед и е еден од ретките играчи што заслужуваат преодна оценка во лошиот тим на „црвените ѓаволи“.
Looks awful watching it again! Daniel James was knocked out big time. pic.twitter.com/ZS6cHsedWN
— Adam Humphreys (@AdamAce1066) October 13, 2019