Top Sport

Џек Вилшир му станува соиграч на Горан Пандев?

Џенова како главна цел во летниот преоден рок гледа на фудбалерот од средниот ред на Вест хем, Џек Вилшир, кој може да замине од тимот на Дејвид Мојс, тврди „Кориере дело спорт“.

Поранешниот англиски репрезентативец дојде во Вест хем од Арсенал како слободен фудбалер во 2018 година, но не успеа да се прослави со „чеканите“, одигрувајќи само 18 меча во два сезона на „Лондон стадионот“.

Според италијанските медиуми, Вест хем се подготвени да му го раскинат договорот една сезона предвреме на Вилшир, а газдата на Џенова, Енрико Прециози ја цени играта на поранешниот „топчија“ и би му дал шанса да се покаже во Серија А.

Scroll to Top