Top Sport

Мурињо загуби првпат во прво коло па ги нарече своите фудбалери мрзеливи

Поразот од 0:1 од Евертон на Тотенхем, значеше дека Жозе Мурињо првпат во неговата 20-годишна тренерска кариера го загубил првиот меч од една фудбалска сезона.

57-годишниот Португалец претходно имаше скор од 11 победи и 7 ремија во првите лигашки мечеви на своите клубови, пред тимот на Карло Анчелоти да му го „сруши“ рекордот.

По неубедливиот натпревар во кој тимот на Евертон честопати беше многу поопасен од Тотенхем, Мурињо ги нападна своите играчи.

„Кога го примивме голот, тие направија многу шанси и тоа е последица на недоволната физичка подготвеност на дел од фудбалерите. До голот, не бевме толку лоши, но Џордан Пикфорд имаше две одбрани. Против добри тимови како Евертон, ако им дозволите да играат ќе ве победат. Бевме мрзеливи во играта, а тоа е последица на лоша физичка подготвеност. Некои не се доволно физички подготвени, некои имаат погрешна ментална подготвеност. Не сакам да зборувам многу за тоа“, изјави очигледно разочараниот Мурињо.

Лош старт за Мурињо – Евертон го победи Тотенхем првпат од 2012!

Scroll to Top