Top Sport

Џек Вилшир повторно тренира со Арсенал

Арсенал потврдија дека нивиот поранешен фудбалер Џек Вилшир почнал да тренира со клубот во обид да го одлучи следниот потег во кариерата, и во исто време почнал да ги одработува тренерските „беџеви“ со клубот.

29-годишниот Вилшир, кој беше сметан за еден од најталентираните англиски фудбалери во историјата, е без клуб откако си замина од Буремаут на крајот на минатата сезона и неколку пати јавно зборуваше за своите проблеми да најде нов клуб.

„Топчиите“, сепак, му дозволија на својот пулен да ја врати физичката подготвеност со клубот, поддржани од неговиот поранешен соиграч, а сега менаџер на клубот, Микел Артета.

„Сакаме да му помогнеме на Џек да се подготви за следниот чекор, физички и ментално. Тој сака да почне да работи како тренер и ние сме подготвени да му помогнеме. Јас лично, сум пресреќен што се врати. Разговарав за неговите потреби и за период низ кој поминува и сите во клубот сакаа да му помогнат. Ќе тренира понекогаш со нас, ќе биде тука и ќе работи и ќе го донесе неговото искуство на нашите млади фудбалери“, вели Артета.

Scroll to Top