Top Sport

Џек Вилшир се пензионираше на 30 години

Поранешното „златно момче“ на Арсенал и на англиската репрезентација, Џек Вилшир потврди дека се повлекува од фудбалот на 30 години, пред следната недела да го преземе местото на тренер на У-18 тимот на „топчиите“.

Вилшир, чиј последен клуб беше данскиот Архус, во кариерата играше и за Болтон, Бурнемаут и Вест хем, а за англиската репрезентација имше 34 настапи и беше дел од тимот ој настапи на Светското првенство во 2014, но последните години беа одбележани со повреди и со борбата да најде клуб за кој би играл. Тој произлезе од академијата на Арсенал, клуб за кој имаше речиси 200 настапи.

„Денеска го потврдувам моето повлекување од професионалниот фудбал. За мене, ова беше неверојатен пат одбележен со толку фантастични моменти, така што се чувствувам привилегиран од работите кои ги направив во мојата кариера. Од шутирање на топка во градината, до капитенското место во мојот сакан Арсенал и настап на Светко првенство. Јас го живеев мојот сон“, вели Вилшир.

Тој стана најмладиот играч на Арсенал во Премиерлигата, дебитирајќи на 16 години и 256 дена, и освои две ФА куп титули со клубот во 2014 и 2015. Во 2018 замин во Вест хем, по што играше и за Бурнемаут во втората лига, пред кратката авантура во Данска.

Scroll to Top