Капитенот на Рома, Един Џеко беше бесен на своите соиграчи по 4:2 поразот од Сасуоло, оценувајќи дека во моментов „волчицата“ не игра на ниво на Серија А.
Рома губеше со 3:0 по само пола час игра, а обидот за враќање во второто полувреме беше уништено со фантастичниот гол на Џереми Бога и црвениот картон на Лоренцо Пелегрини.
„Постојано им велев на момците, дајте ми ја топката, но во моментов не го добивам тоа. Пробелот со играта со пресинг е што е доволно само еден фудбалер да задоцни и играта се распаѓа. Во првото полувреме, да бидеме искрени, не игравме на ниво за Серија А. Да, стилот на игра е возбудлив, но ако двајца или тројца не играат на потребното ниво, тоа ни создава проблеми. Се надевам дека бргу ќе го заборавиме овој натпревар, бидејќи нема друга опција“, вели Џеко, кој стана нов капитен на Рома по заминувањето на Алесандро Флоренци во Валенсија.