Top Sport

Јуве даваат богатство за Ван Дајк?

Според британскиот таблоид „Сан“, италијанскиот шампион Јувентус е решен во текот на летото уште повеќе да го засили својот тим со носење на столбот на одбраната на Ливерепул, Холанѓанецот Виргил ван Дајк.

Според весникот, откако Ван Дајк лани ја освои Лигата на шампионите со „црвените“, а оваа сезона е на чекор до освојување на трофејот од Премиер лигата, Холанѓанецот е подготвен за нов предизвик, и Јувентус се подготвени да дадат неверојатни 150 милиони фунти.

28-годишниот Ван Дајк поголемиот дел од својата кариера го помина во Британија, играјќи со Селтик, Саутемптон и Ливерпул. Од друга страна Јуве мора да мисли на иднината во својата одбрана, бидејќи Џорџо Кјелини има 35 години, а Леонардо Бонучи 32. Покрај тоа, во Торино Ван Дајк би играл со својот партнер од репрезентацијата, Матијс де Лихт.

Scroll to Top