Сјајниот аргентински напаѓач Серхио Кун Агуеро денеска објави крај на професионалната кариера поради проблеми со срцето.
Аргентиснкиот голгетер со успех го носеше дресот на Атлетико Мадрид и Манчестер Сити, а еден од играчите со кога претставуваше убиствен тандем е репрезентативецот на БиХ – Един Џеко.
„Прерано ја завршуваш кариерата, за жал, но здравјето секогаш е на прво место. Секогаш ќе ги паметам нашите сјајни моменти на теренот, каде што беше посебен. Среќно во иднина брате!“ напиша Џеко на Фејсбук.
Агуеро и Џеко играа во ист период во дресот на „граѓаните“, а Аргентинецот за Сити одигра 390 меча со ефект: 260 гола и 73 асистенции.