Top Sport

Шмајхел: Фергусон се плашеше од Мекманаман

Легендарниот дански голман Петер Шмајхел кој беше дел од славната генерација на Манчестер Јунајтед која ја освои тројната круна во 1999 година ја објави својата автобиографија под наслов „One“.

Во неа откри досега непознати детали од соблекувалната на „црвените ѓаволи“.

„Игравме финале на ФА купот во 1996 година против Ливерпул. Ферги (Алекс Фергусон) го стави Фил (Невил) да игра фластер на Мекманаман. Тоа беше единствениот играч од кого Фергусон се плашеше. Тој беше единствениот противнички играч на кој обрнуваше посебно внимание во Премиерлигата. Би го споменал и Алан Ширер како втор главен противнички играч, ама со него никогаш не пристапуваше со страв. Меѓутоа, поради Мекманаман секогаш се потеше. Да бидеме чесни – Стив беше фантастичен фудбалер. Ферги секогаш велеше – `Ако го запреме Мекманаман, ќе го запреме и Ливерпул`“ – заклучи Шмајхел.

Scroll to Top