Един Џеко добил хрватско државјанство, објави босанскиот портал „Klix.ba“.
Според овој извор, Џеко, побарал државјанство на Хрватска, за да полесно да може да го работи бизнисот што го има во Дубровник.
„Хрватска во репрезентативецот на БиХ, доби државјанин кој со своето име и реноме може да привлече голем број светски ѕвезди, пред сите славни фудбалери“, заклучува порталот.
Џеко од оваа сезона игра за Интер, чии дрес го носат Хрватите Марцело Брозовиќ и Иван Перишиќ.