Top Sport

Џеко и Заниоло за победа на Рома во дербито со Милан (видео)

Рома се искачи на петтото место во Серија А и му го нанесе на Милан дури петтиот пораз во новата сезона, откако на „Олимпико“ триумфираше со 2:1.

Един Џеко, уште со маската на лицето, во 38. минута донесе водство за „волчицата“, но Милан успеа да израмни во 55. минута преку Тео Ернандез. Само три минути подоцна, домаќините се вратија во водство, откако младиот Николо Заниоло со прекрасен гол му го уништи 150. меч на Џиџи Донарума во дресот на Милан.

Милан продолжува со променливите игри и под Стефано Пиоли и сега е на 12. место во лигата со 10 поени, само три над зоната за испаѓање.

Scroll to Top