Един Џеко вели дека не очекувал дека ќе замине од Рома по пристигнувањето на Жозе Мурињо бидејќи очекувал да работи со „големиот“ тренер.
35-годишниот репрезентативец на Босна и Херцеговина беше продаден од Рома во Интер и стана стандарден во тимот на Симоне Инзаги со 31 настап и 13 голови.
„Минатото лето првпат си помислив. ‘Сега не одам никаде’, откако претходно секогаш имаше некои шпекулации со Јувентус и Интер. Кога дојде Жозе Мурињо мислев дека ќе останам, бидејќи беше чест што толку голем тренер дојде во клубот. Но, бидејќи ми беше последна година од договорот, тие решија дека е добро да се направи трансфер. Сега, се надевам дека ќе продолжиме вака со Интер“, вели Џеко во интервју за „Дејли мејл“.
#Dzeko: "Non mi aspettavo di lasciare la Roma dopo l'arrivo di #Mourinho" ? https://t.co/jMdyAsvzQq
— Corriere dello Sport (@CorSport) February 12, 2022
#Dzeko: "Non mi aspettavo di lasciare la Roma dopo l'arrivo di #Mourinho" ? https://t.co/jMdyAsvzQq
— Corriere dello Sport (@CorSport) February 12, 2022