Top Sport

Јунајтед повторно не заддржа водство, само реми со Саутемптон

Шансите на Манчестер јунајтед за топ 4 пласман и место во Лигата на шампионите следната сезона изгледаат помали со секое наредно коло во Премиерлигата, откако повторно пропуштија водство за разочарувачки 1:1 со Саутемптон.

Против „светците“, кои минатиот март во последната посета на „Олд Трафорд“ ги победија со 9:0, повторно се покажаа старите проблеми на тимот на Ралф Рангник за второ домашно реми во низа, по тоа против Барнли.

Мечот започна добро за „ѓаволите“, откако Маркус Рашфорд во 21. минута доби одлична топка од Бруно Фернандеш, за потоа да го пронајде Џејдон Санчо за водство. Водството траеше до почетокот на второто полувреме, кога во 48. минута од мечот, Че Адамс се најде на вистинското место по лошата реакција на одбраната на Јунајтед за 1:1. Кристијано Роналдо се врати меѓу стартерите на Јунајтед, но му беа поништени два гола поради очигледни офсајди.

„Ѓаволите“ имаа среќа што во 88. минута не беше досуден пенал за гостите, кога Хери Мегваер го „нагази“ Армандо Броја во шестнаесетникот по борба за топка.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top