Top Sport

Џеко останува во Рома, Емерсон лета за Лондон

Долгоочекуваниот трансфер на Един Џеко во Челси „пропадна“, но неговиот колега од Рома, Емерсон Палмиери утре ќе потпише за лондонскиот клуб, објавуваат италијанските медиуми.

„Сините“ се надеваа на договор за двајцата играчи за околу 50 милиони евра, плус 10 милиони евра во бонуси. Сепак, тие не успеаја да го убедат босанскохерцеговскиот напаѓач да се пресели во Англија, бидејќи неговото семејство се навикнало на животот во Италија, а тие му нудат само 18-месечен договор.

Според „Скај Италија“, Џеко ќе остане на „Олимпико“ барем до крајот на сезоната, додека Емерсон ќе замине за 20 милиони евра, со 6 милиони евра во бонуси.

Емерсон доаѓа откако Челси не успеа да го обезбеди потписот на Алекс Сандро од Јувентус, а тие веќе го пуштија Кенеди на позајмица во Њукасл, а Баба Рахман треба да се врати во Шалке. Емерсон неодамна се врати на терените откако имаше повреда на лигаментите во коленото, но не би требало да има проблеми при трансферот.

Scroll to Top