Top Sport

Нејмар: Јас ги изведувам пеналите и тоа е тоа…

За тензиите меѓу соиграчите на Пари Сен-Жермен, Нејмар и Единсон Кавани веќе надолго се пишуваше, и сега Бразилецот открива зошто не му дозволил на Уругваецот да го изведува контроверзниот пенал против Дижон.

ПСЖ водеше со 7:0 против Дижон, кога не му дозволи на Кавани да го изведе пеналот за 8:0, со тоа спречувајќи го да го сруши рекордот на Златан Ибрахимовиќ по бројот на постигнати голови за парискиот тим.

Ова беше пречекано со свирежи од публиката, иако Нејмар погоди четири гола на тој натпревар. Сега, за бразилските медиуми, Нејмар првпат проговoри за инцидентот.

„Беше невозможно да не се знае за рекордот. Тренерот ме избра мене како изведувач на пенали и затоа нема проблем со тоа. Сите во тимот знаат што се случува во соблекувалните и која е одлуката на тренерот. Јас сум мирен и среќен со моите пријатели и колеги. Дојдов тука да направам историја, да го дадам мојот максимум и да дадам многу голови“, вели Нејмар.

Кавани, сепак, стигна до рекордот во саботата, кога ПСЖ со 4:0 го совлада Монпелје, со гол по 11 минути игра. Нејмар постигна два гола, а Анхел ди Марија додаде уште еден за тимот на Унаи Емери да ја заддржи предноста од 11 поени пред Лион.

Ќе дадеш ваков гол и ќе те свиркаат? Само во Франција (видео)

Scroll to Top