Един Џеко му се извинил на клупскиот колега Стефан Ел Шарави за инцидентот што се случил на полувремето, на натпреварот со СПАЛ (2.1).
Џеко и Ел Шарави се закачиле во соблекувалната, Босанецот бил лут што „фараонот“ не го проиграл во една добра ситуација. Според медиумите Џеко го обесил Ел Шарави на закачалката, а поголем инцидент спречиле Фацио и голманот Олсен.
„Кориере дело Спорт“ пишува дека пред соиграчите Џеко му пружил рака и му се извинил на Ел Шарави.
„Стефан извини, не бев во право! Сега повторно сме заедно и треба да сториме се за да напредуваме на табелата“, рекол Џеко пред соиграчите.
Инаку, медиумите шпекулираат дека Џеко ќе се врати во Премиер лигата, а Вест Хем веќе понудиле 10 милиони евра. Рома ја одбиле оваа сума со порака дека треба да биде двојно поголема.